Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Симулациска вежба „Заемна правна помош во случаи на економски криминал“ во соработка меѓу Амбасадата на Грција во Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи на Македонија

На иницијатива и со поддршка на Амбасадата на Грција во Македонија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива и со поддршка на Амбасадата на Грција во Македонија, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на централна локација се одржа симулациска вежба на тема „Заемна правна помош во случаи на економски криминал“.

Вежбата има цел унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции на двете земји преку размена на искуства, информации и најдобри практики за постапување во случаи поврзани со економскиот криминал и прекуграничните криминални активности. За таа цел, на вежбата беше поканет и ја координира г. Стилијанос Биос, претседател на Првостепениот суд, кој во периодот февруари 2022 – јануари 2024 година служел како назначен национален експерт во Eurojust. Учесниците од Македонија беа високи претставници од Министерството за финансии, од областа на правосудството и од други институции вклучени во справувањето со економскиот криминал.

На почетокот на вежбата поздравни обраќања имаа Едвард Андерсон, раководител на Одделението за кривична правда и полициска реформа, во име на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Македонија, Александар Јанев, и вршителката на должноста амбасадор на Амбасадата на Грција во Скопје, Христина Василату.

Реклама

Г-ѓа Василату, меѓу другото, истакна дека „Грција и Македонија се соседни земји и сојузници, кои соработуваат како на билатерално ниво така и во рамките на значајни меѓународни организации, како што е ОБСЕ. Во изминатите години Амбасадата на Грција значително вложи во унапредувањето на секторската соработка врз основа на промовирањето на заеднички интереси. Оттука, особено ни претставува задоволство што денес со симулациската вежба за заемна правна помош во случаи на економски криминал почнува нова серија активности што Амбасадата ќе ги поддржи во наредните месеци одразувајќи ја пошироката посветеност на Грција на добрососедските односи, како и на практичната соработка со Македонија, насочена кон конкретни и опипливи резултати“.

„Изборот на денешната вежба е условен од предизвиците со кои се соочуваат двете земји во особено значајниот и чувствителен за животот на сите граѓани сектор на правосудството и внатрешните работи“.

„Грција, како соседна земја членка на Европската Унија, ја поддржува усогласеноста на Македонија со правото на ЕУ. Во оваа смисла, билатералната соработка меѓу нашите две земји претставува и мост: простор во кој нашите институции може да воспостават канали на соработка што ќе ја направат идната соработка понепречена и поприродна“, заклучи вршителката на должноста амбасадор на Амбасадата на Грција во Скопје.

Вежбата се одржува во рамките на релевантниот договор, што во мај 2026 година го потпишаа Амбасадата на Грција во Македонија, под раководство на тогашната амбасадорка на Грција во Македонија, Софија Филипиду, и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за почнување заеднички проект насочен кон унапредување на справувањето со прекуграничниот економски криминал.