Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Сиљановска-Давкова од Охрид: Пензионирањето е нов животен циклус во кој доаѓаат до израз мудроста и искуството

Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во кој доаѓаат до особен израз мудроста, знаењето и искуството, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Охрид, на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари.

„Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, рече Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека спортот не е само физичка, туку и ментална вежба која го подобрува здравјето, поттикнува дружење и помага полесно да се соочуваме со успесите и неуспесите.

Зборувајќи за правата на пензионерите, претседателката истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, особено во носењето закони и одлуки што директно се однесуваат на нив.

Реклама

Таа го посочи и примерот на Јапонците и филозофијата „икигаи“, според која секој човек има причина за постоење и цели што треба да ги остварува.

На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

Обраќање пред пензионерите имаше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој истакна дека Републичките спортски игри за пензионери се многу повеќе од спортско натпреварување, бидејќи претставуваат можност за дружење, размена на искуства, создавање нови пријателства и активно живеење.

„Вашата енергија, виталност и желба за спорт се за вистинска почит. Со своето учество покажувате дека годините не се ограничување, туку дека секоја животна возраст носи можност за нови активности, предизвици и убави средби“, рече Пецаков, упатувајќи благодарност до организаторите што натпреварите годинава се одржуваат во Охрид.

Тој им посака успешни настапи, добро расположение и убави моменти во Охрид, како и можност да уживаат во убавините на градот и гостопримството на охриѓани.

На 30. Републички пензионерски спортски натпревари учествуваат 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на Сојузот.

Натпреварите се посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември – Денот на пензионерите на Македонија.