Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

Секој човек може да се соочи со Алцхајмеровата болест, поради што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој човек може да се соочи со Алцхајмеровата болест, поради што се неопходни повеќе разбирање, грижа и поддршка за заболените и нивните семејства, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вечерашното „Алцхајмер матине“ во Скопје. Таа истакна дека, покрај медицинската грижа, значајна улога има љубовта, нагласувајќи дека „некои нешта не можеме да ги смениме, но можеме да ги подобриме“, додека надежта за лицата што живеат со болеста и нивните семејства, како што рече, треба да се гради и преку поддршката од најблиските.

– Се разбира дека мора да имаме разбирање за она со што вие се соочувате, зашто секој од нас имал некој близок што се соочил со ваков проблем и секој од нас може да се соочи – рече Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека љубовта и грижата остануваат клучни во справувањето со болеста.

Реклама

– Надежта кај оние кои што се борат со оваа болест е дека не само лекарите, туку и саканите со грижата, љубовта и дружењето ќе им овозможат и овие проблеми во животот да ги живеат, бидејќи некои нешта не можеме да ги смениме, но можеме да ги подобриме – истакна претседателката.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, посочи дека на семејствата кои се грижат за лица со деменција им е потребна значително поголема институционална поддршка.

– За разлика кога родителите не се сами во грижата за децата, покрај цел систем на градинки и институционална поддршка, сметам дека во грижата на децата кон своите родители ја нема таа поддршка – рече Клековски.

Тој нагласи дека долгорочната грижа за лицата со деменција е еден од стратешките приоритети.

– Да помогнеме во градење на свесноста стратешки на долги стази да видиме што се случува на таа страна. Долгорочната грижа за лицата со деменција е еден од стратешките приоритети, да размислуваме повеќе за тоа, во однос како да дадеме поддршка за семејствата овој период од животот подобро да го организираат и пребродат – истакна Клековски.

Д-р Габриела Новотни од Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука предупреди дека Алцхајмеровата болест и деменцијата бележат пораст на глобално ниво и дека до 2050 година бројот на заболени во светот би можел да достигне 140 милиони лица.

– Се проценува дека до 2050 година бројот на заболени ќе достигне околу 140 милиони лица ширум светот. Затоа таа често се нарекува и епидемија на 21 век – рече Новотни.

Таа нагласи дека денес постојат нови сознанија за превенцијата на болеста и оти дури 45 проценти од случаите на деменција може да се спречат преку здрави животни навики, контрола на ризик-факторите, физичка активност и одржување социјални контакти.

Според неа, особено е важно болеста да се препознае навремено и дијагнозата да се постави уште при првите симптоми, согласно светските протоколи. Новотни упати и порака за поголема емпатија кон лицата со деменција и нивните семејства, нагласувајќи дека болеста не може да ги одземе емоциите и потребата од љубов и човечка блискост.

– Лицата со деменција не заслужуваат да бидат изолирани во своите домови поради стигмата што сè уште постои во општеството. Тие имаат право, а ние должност, да им овозможиме да бидат среќни и да чувствуваат љубов, бидејќи емоциите се задржуваат дури и во најнапреднатите стадиуми на болеста – порача Новотни.

На настанот беше присутна и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која посочи дека е дојдена како лице кое го искусило токму во овој предизвик.

Настанот беше организиран по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, 21 Септември, со цел подигнување на јавната свест за болеста, поттикнување на раното препознавање и дијагностицирање, како и обезбедување поголема поддршка за лицата со деменција и нивните семејства.

Според организаторите, во Македонија живеат повеќе од 24.000 лица со деменција, од кои најмалку 10.000 со Алцхајмерова болест, а исто толку семејства секојдневно се соочуваат со предизвиците што ги носи болеста.