Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Силјановска Давкова: На светот денеска му недостига идеализам, а кога велам идеализам немислам на утопија, туку мислам на право, на правда, на морал, на етика

На светот денеска му недостига идеализам, а кога велам идеализам немислам на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На светот денеска му недостига идеализам, а кога велам идеализам немислам на утопија, туку мислам на право, на правда, на морал, на етика, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова на денешната средба со членките на Советот за женско претпримништво во Битола.

Низ интерактивен разговор со членките на Советот, формиран од Општина Битола, Силјановска Давкова говореше за актуелните состојби во светот, улогата на жената и предизвиците во глобалното опкружување.

-На светот денеска му недостига идеализам, а кога велам идеализам немислам на утопија, туку мислам на право, на правда, на морал, на етика… а, за релизмот?! Секој ден не убедуваат за реал политиката, но последиците се дарвинизам и тоа е срамно за човештвото затоа што не се прави грев со чинење, туку и со нечинење, со гледање…утре ќе праша некој каде бевте кога овие нешта се случуваа. Етиката, моралот, прунципите и вредностите мора постојано да се бранат и спојуваат, нагласи Силјановска Давкова.

Реклама

Претседателката Силјановска Давкова порача за надминување на проблеми се повеќе простор да се дава на културната дипломатија.

-Гледам многу разочарани луѓе одат во потрага по среќа низ светот, заради тоа што се случува во војната меѓу Русија и Украина, но и во Газа, во Ормутскиот Залив. Најстрашно е кога ќе ве соочат со здрав разум бидејќи војната раѓа гнев, а последиците се долги. Затоа ние имаме обврска, а културната дипломатија е по поплодна и посилна, почовечка од традиционалната дипломатија. Подобра е мировната или превентивната дипломатија, отколку реактивната дипломатија, рече меѓудругото Силајновска Давкова.

Освен претседателката Силјановска Давкова, гости на денешната средба со членките на Советот за женско претприемништво беа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојковски.