Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како покровителка на Интернационалниот фестивал на филмска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како покровителка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во пресрет на неговото 47. издание оствари средба со директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и со претседателката на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) Марија Димитрова.

Како што стои во соопштението на Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, на средбата, Доксевски и Димитрова ја информирале претседателката за овогодишната програмска содржина, која опфаќа над 80 филмски остварувања и повеќе од 20 едукативни содржини посветени на филмската камера и на уникатниот визуелен јазик.

– Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност. За одбележување е повторното доаѓање на полско-американскиот кинематографер и двократен оскаровец Јануш Камински, кој во 2020 година ја прими „Златна камера 300“ – стои во соопштението.

Реклама

Според Сиљановска-Давкова, долговечноста и високите уметнички стандарди и критериуми го легитимираат „Браќа Манаки“ како фестивал од вистински меѓународен формат.

– Битола, кога почетокот и крајот им припаѓаат на македонски филмови, станува светска кинематографска метропола на културен дијалог и натпревар, во којшто рамноправно учествуваме, докажувајќи дека малото може да биде убаво и уметнички големо – вели Сиљановска-Давкова.