Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Сиљановска-Давкова до првачињата: Инвестирајте во себе, нема подобра инвестиција од знаењето

„Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на првачињата посакувајќи им успешен почеток на школувањето.

Сиљановска-Давкова заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, присуствуваше на првиот училиштен час на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, со што беше одбележан почетокот на новата учебна година.

Обраќајќи им се на најмладите ученици, претседателката ги повика да учат, да бидат љубопитни и да поставуваат прашања нагласувајќи дека знаењето ќе им помогне да бидат посамостојни и да имаат поголемо разбирање за светот околу себе.

Реклама

– Колку повеќе ќе знаете, толку повеќе ќе разбирате, толку ќе бидете потолерантни и посамостојни. Затоа инвестирајте во себе. Учете. Нема подобар пријател од книгата – рече Сиљановска-Давкова.

Таа им рече на првачињата да се натпреваруваат не само за оценки, туку, пред сè, за знаење и успех, да бидат љубопитни и критични и да развиваат другарства со соучениците и наставниците.

– Бегајте од насилството. Бидете другари со наставниците и развивајте другарство со учениците – нагласи претседателката.

Сиљановска-Давкова, која е родена во Охрид, истакна дека и самата би сакала да се врати во детството и да се запише во училиште со таков амбиент и резултати, а се осврна и на учителската професија.

– Нема подобра работа од учителската, рече таа, посакувајќи им на првачињата успешно школување, многу знаење, прашања и одговори.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, со порака до најмладите дека првиот училиштен ден е посебен момент и дека во училиштето, покрај читањето и пишувањето, ќе научат колку се важни другарството, почитувањето и меѓусебната помош…

– Бидете љубопитни, вредни и насмеани и уживајте во секој училиштен ден – им порача Пецаков.

Тој на родителите им порача да им бидат поддршка на децата во нивното образование, а до наставниците – да продолжат посветено да им го пренесуваат знаењето и да придонесуваат за нивниот воспитен и образовен развој.

Пецаков истакна дека Општина Охрид ќе продолжи да вложува во училиштата и да создава подобри услови за сите ученици.

Во рамките на свечениот прием беше подготвена и пригодна програма за најмладите, со која беше одбележан нивниот прв училиштен ден.

На сите ученици од Охрид им беа упатени желби за успешна, исполнета и среќна учебна година, со многу знаење, нови другарства и убави училишни спомени.