Добро е да сте во манастирот каде што се одржало првото заседание на АСНОM а уште подобро е да се чувствувате дома. Ова го порача претседателката Сиљановска Давкова откако положи свежо цвеќ во манастирот Св.Прохор Пчински и оствари билатералната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Според Сиљановска билатерални односи се извонредни и добрососедски во вистинска смисла, а во тој правец ќе продолжи понатамошната соработка со Србија. Претседателката се надева дека заедничкото чествување ќе афирмира и со договор помеѓу двете земји.
„Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме во оваа смисла. Знам дека оваа средба нема да биде последна, би сакала уште еднаш да ви се заблагодарам за разбирањето “ – заклучи македонската претседателка.
Српскиот претседател со честитки за големиот македонски празник, најави дека соработката со македонските власти ќе се интензивира а очекува економската размена да надмине две милијарди евра Вучиќ.
„Сигурен сум дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат понатамошните односи со взаемно почитување. Ќе работиме на конкретни проекти, изразив интерес за изградба на пруга до Прешево, за да имаат брзо пристигнување во Солун.Нашата трговска размена беше 1,75 милијарди, убеден сум дека во следните две години можеме да одиме на над две милијарди евра“, рече Вучиќ.
Сиљановска Давкова чествувањето на 2-ти Август го започна со положување свежо цвеќе во меморјалниот центар Пелинце од каде испрати порака и до меѓународната заедница за деблокирање на македонскиот интегративен пат. Чувајќи го наследството на Илинденците и Асномците, да ја направиме нашата македонска Република пристојно место за живеење за младите да не ни заминуваат рече претседателката во обраќањето.
“Инспиративен е амбиентот, инспиративна беше духовната храна денеска и уште еднаш благодарност и за разбирањето бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму каде што се случил. Такви денови и Србија има, споменици и мислам дека истото треба да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор, тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример”, рече претседателката.
Македонија денеска одбележува 80 години од Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија), кој се одржал во манастирот Св. Прохор Пчињски. Чествувањето тука се врати пред три години откако Српската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ ОА.
