Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд мора да се реформира со законска рамка

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на тркалезната маса насловена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на тркалезната маса насловена „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, во организација на Уставниот суд на Република Северна Македонија и Европската Унија.

Настанот беше отворен со обраќања од претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Анализата за потребата од носење Закон за Уставниот суд беше презентирана од проектниот тим финансиран од Европската Унија, во состав: Карстен Манке – раководител, и правните експерти Мартин Сопранов и Маргарита Цаца Николовска.

Реклама

Ставови изнесоа и судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова Данева, како и универзитетските професори по уставно право Рената Десковска-Тренеска, Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари и Денис Прешова. Во дебатата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, вклучувајќи ги „Сите за правично судење“ и „Млади правници“.

Во своето излагање, претседателката Сиљановска-Давкова го постави прашањето: „Дали е потребна реформа на македонското уставното судство?“, оценувајќи го Уставниот суд како една од најнереформираните институции во државата. Таа истакна дека досегашните обиди за уставни измени биле неуспешни, а постојното правно решение – неодржливо.

Претседателката се повика на препораките на Венецијанската комисија за донесување на посебен Закон за Уставниот суд и нагласи дека институцијата не успеала да се развие во „четврта власт“ – коректив на односите меѓу извршната, законодавната и судската власт и бранител на човековите права.

Како пример посочи неколку европски земји, како Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Словенија и Хрватска, каде уставните судови имаат централна улога во одржувањето на уставната демократија.

Сиљановска-Давкова се заложи за пошироки надлежности на Уставниот суд, вклучувајќи проширување на листата на заштитени права, можност за оценка на меѓународните договори пред нивна ратификација, надлежност за конечна оценка на избори и референдуми, како и воведување постапки за импичмент и за други носители на високи функции.

Таа нагласи дека е потребна конкретизација на критериумите за избор на уставни судии за да се спречи политизацијата и партизацијата во нивниот избор.

Во дебатата што следеше, претседателката активно го бранеше ставот дека се потребни уставни измени за да се создаде правен основ за донесување Закон за Уставниот суд, по примерот на најразвиените демократии и во согласност со европските препораки.