Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Сиљановска-Давкова: Партиите да се воздржат од коментари и да остават Уставниот суд да работи согласно Уставот и Деловникот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им порача на партиските лидери да се воздржуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците.

-Како партиски, како лични, како субјективни одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку е што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот, рече Сиљановска – Давкова како коментар на изјавите на партискиот лидер на ДУИ Али Ахмети во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот за јазици.

Уставниот суд за утре ја закажа седницата на која ќе расправа по Законот за употреба на јазиците.

Реклама

Опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ) неодамна со соопштение посочи дека укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата.