Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Сиљановска-Давкова на КОП29: Од суштинско значење е обезбедувањето финансии за имплементација на климатските цели

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во Баку, Азербејџан, присуствуваше на официјалното отворање на 29.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во Баку, Азербејџан, присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени, соопштија од претседателскиот кабинет.

На официјалното отворање на самитот, што се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер. Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели, се вели во соопштението.

Утре, претседателката Сиљановска-Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади, додаваат од кабинетото на Сиљановска-Давкова.