Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова: Јас немам надлежност по Уставот да ги сменам членовите на Судскиот совет номинирани од претходните претседатели

Претседателот номинира, ама Собранието бира. Не можам јас која што, односно претходникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот номинира, ама Собранието бира. Не можам јас која што, односно претходникот којшто тој ги номинирал, но одговорноста за изборот е на Собранието. Мора да престане нивниот мандат согласно законот, за да може претседателот да номинира нови. Јас немам надлежност по Уставот да ги сменам, рече претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по брифингот за борбената подготвеност на Армијата.

Таа истакна дека нејзина забелешка кога стапила на функција во поглед на членовите номинирани од претседателот или од претседателите била дека очекувала и мисли дека е тоа важно најдобрите во Судскиот совет да бидат номинирани од претседателот, бидејќи какошто рече „во минатото се работело секогаш за луѓе докажани во професијата, тоа го бараат всушност и условите во Законот за Судски совет“.

-Значи, да се докажани во професијата, да имаат трудови во таа област, да имаа неспорен дигнитет и интегритет што не беше почитувано, бидејќи многу лесно од биографиите на многу од членовите на Судскиот совет, говорам за оние номинирани од претседателите имаа печат на многу познати партиски луѓе, најчесто важни по функциите во партиските органи. Значи, прашањето ви е во ред, но треба да се упати до Собранието, бидејќи Собранието ги бира овие членови и исто така може и според Законот да реагираат и да интервенираат и самите судии бидејќи и тие имаат улога во конституирањето на Судскиот совет, изјави Силјановска-Давкова.

Реклама

Таа додаде дека крајно време е особено по донесувањето и по приемот на оценскиот извештај да се посегне по промени.

-Инаку, во демократски држави се знае кој би го направил првиот чекор – самите членови на Судскиот совет и самите членови на Советот за јавните обвинители. Ако вие сте таму заради правото и правдата, а ви се случува ова што се случува оставката би била најнормалниот чин. Јас на тоа и повикав, но се разбира оставката е личен чин. Тоа ќе отвореше пат кон нов избор бидејќи се разбира ние и кога е во прашање самиот закон мислам дека треба да преиспитаме некои одредби, особено во врска со онаа фамозна формулација еуфемистичка за истакнати правници и слично, рече Сиљановска Давкова.

Прашана за контраобвинувањата дека станува збор за политички притисок од страна на извршната власт од лицето кое даде оставка, Сиљановска-Давкова со одговор дека лицето дало оставка затоа што му истече мандатот.

– Не е можно ако мислите на претседателката на Судскиот совет, бидејќи и тие се избрани на определен мандат и не можете да си го продолжите со некаква си интерпретација внатре, уште неколку дена требаше до крајот, вели Сиљановска-Давкова.