Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Сијарто: Унгарија против воена операција на ЕУ во Украина

Унгарија нема да даде зелено светло за воена интервенција на Европската Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарија нема да даде зелено светло за воена интервенција на Европската Унија во Украина, ниту пак за каква било друга мерка што потенцијално би го спречила мирното разрешување на кризата, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во пресрет на неформалниот собир на дипломатите од земјите членки на ЕУ во Копенхаген.

Во објава на „Фејсбук“, Сијарто изрази очекување дека за време на состанокот ќе биде изложен на интензивен притисок.
„Мислам дека ќе се обидат да го скршат нашиот отпор и нашиот став во поддршка на мирот,“ напиша тој.

„Секоја средба на министрите за надворешни работи на Унијата се сведува на притисок, притисок и притисок, предлози за војна, повеќе пари и оружје за Украина. Но ние нема да се откажеме од нашиот став, затоа што ја спроведуваме волјата на унгарскиот народ и го штитиме нашиот суверенитет,“ додаде шефот на унгарската дипломатија.