Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Сиљановска-Давкова: Размената на добри практики клучна за поуспешни политики за Ромите во регионот

Размената на добри практики може значително да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор, и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од Сузана Крчмар. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, во фокусот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Размената на добри практики може значително да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите, оцени денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор, и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од Сузана Крчмар.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, во фокусот на разговорите биле положбата на Ромите, унапредувањето на нивните права и можностите за споделување искуства на регионално ниво.

Сиљановска-Давкова истакнала дека Ромите се важен дел од македонското општество и имаат значајна улога во неговиот културен и демократски развој.

Реклама

Соговорниците се осврнале на клучните предизвици со кои се соочува ромската заедница, особено во областа на образованието, вработувањето и борбата против дискриминацијата, при што било нагласено дека овие прашања бараат континуирана институционална посветеност и заедничко дејствување со граѓанскиот сектор.

Претседателката ја поздравила работата на Кајтази и „Кали Сара“ во промоцијата на ромскиот јазик, културата и историјата, како и нивниот придонес за меѓународното признавање на 5 Ноември како Светски ден на ромскиот јазик.

-Ако Ромите не се бават со политика, тогаш таа без нив и несоодветно ќе се бави со нив – порача Сиљановска-Давкова, охрабрувајќи ги младите Роми да се вклучат во политиката.

Гостите, како што се наведува, ги истакнале заслугите на Кајтази во унапредувањето на ромските права, при што како приоритети ги посочиле образованието на ромски јазик и зголемувањето на политичката застапеност на Ромите.

На средбата било нагласено дека размената на искуства и добри практики меѓу земјите може да придонесе за креирање поефикасни политики и подобрување на условите за живот на ромската заедница во регионот.