Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Сиљановска Давкова: мојот став за договорот од Преспа е непроменет, тие кои што го потпишаа треба да инсистираат на негово спроведување

Мојот став за договорот од Преспа е непроменет,  а потписниците на документот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мојот став за договорот од Преспа е непроменет,  а потписниците на документот треба први да инсистираат на негово доследно почитување , јас само ги потсетувам на таа реалност,  вели претседателката Сиљановска Давкова. Според шефицата на државата  кога и да се чита преспанскиот договор се разбира дека името на државата се врзува со државни институции, меѓутоа не се забранува, ниту пак може да се забрани употребата на придавката македонски. Како што рече тоа е и дел од самиот договор, а тие што ставиле потпис први треба да укажуваат на неговото почитување.

„ Има значи грчката страна или првата страна таа со двете имиња и втората страна таа безимената стѕрана го случија договорот, не го склучив јас, не го потпишав јас. Ги имаме потписниците и логично е тогаш тоа тие кои што го потпишале преспански не се повикуваат на него во односите наши со Република Грција. “– вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Лидерот на СДСМ Филипче , на барањето од претседателката, потписниците на Договорот од Препса да инсистираат на негово доследно почитување во меѓунароната политика и да инсистираат на придавката македонски,  пак бара извинување од владејачката гарнитура, со образложение дека признале дека договорот од Преспа го потврдува македонскиот национален идентитет.

Реклама

„Да ги потсетиме што точно успеавме соПреспанскиот договор. Се гарантира македонскиот јазик како официјален јазик на Република Северна Македонија и во целиот свет. Се заштитува македонскиот национален идентитет, културата и историјата како посебни и различни од другите. “, вели Филипче.

По употребата на терминот северномакедонски среде Брисел од страна на новата шефица на бугарската дипломатија, претседателката Сиљановска Давкова вели дека морало да се реагира зошто токму и со Преспанскиот договор не се забранува придавката македонски.

„ Дури и кога се чита Преспанскиот договор, тие се водат од Преспанскиот договор, таму името севрно-македонски се врзува со државни институции, меѓутоа останува кога зборуваме за македонски народ, традиција и јазик, што значи дека треба да се следи оваа линија, зошто за нас ваквата употреба е погрешна.“. вели Сиљановска Давкова.

Од новата власт во Бугарија претседателката очекува конструктивност и водење политики на добра волја, нагласувајќи дека регионалното разбирање е клучно за евроинтеграцискиот пат на целиот Западен Балкан.