Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

Македонија се поврзува со светот и регионот со олеснување на протокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се поврзува со светот и регионот со олеснување на протокот на туристи и посетители. Бројот на странски туристи во првите пет месеци од годинава во споредба со 2025 е зголемен за 23,6%, а бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7%. Се повеќе Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, што значи и економски раст.

„Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската инфраструктура. Реконструкцијата на охридскиот аеродром е во завршна фаза, со нов терминал, нова административна зграда и проширување на капацитетите за прием на патници и авиокомпании. Резултатите веќе се видливи, при што охридскиот аеродром забележува рекорд со повеќе од 3.000 опслужени патници во еден ден“, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Охридскиот аеродром оствари рекорд со опслужени 52500 патници само во јули, што значи раст од 41,21% проценти во споредба со истиот месец лани. Додека скопскиот аердром бележи раст од 29% Вкупно охридскиот и скопскиот аеродром опслужиле 2,42 милиони патници што е раст од 29%. Претходно извештајот од светската банка го потврди растот на туризмот во Македонија со тоа што објави податоци според кои на годишно ниво бројот на патници во пристигнување е зголемен за 40%. Но се инвестира и во повеќе градови во државата.

Реклама

„Се реализираат и повеќе проекти во Гевгелија кои директно придонесуваат за развојот на туризмот. Во тек е изградба на западниот булевар кој ќе го подобрисообраќајното поврзување. се реставрира заштитената стара чаршија со цел повторно да стане препознатлив симбол на градот, а се привршува изградбата на браната Конско.“

Гевгелија ќе се развие како значаен туристички економски центар, се проширува граничниот премин и се реставрира старата чаршија а со изградбата на браната Конско ќе се добие и ново вештачко езеро. Значаен проект поврзан со развивањето на протокот на туристи во Македонија е изградбата на брзата железничка пруга Скопје –Солун. Со неа се крати патувањето и се остварува полесен пристап до морето.