Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

25 години поминаа, но болката и споменот не избледуваат.Кај спомен обележјата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

25 години поминаа, но болката и споменот не избледуваат.
Кај спомен обележјата во Ѓорче Петров, Волково и Љубанци денеска се одбележаа 25 години од подмолното убиство во заседа на македонските бранители во 2001 година. На 10 август 2001 година, во 08:00 часот утрината, воен камион на Армијата на Македонија, нагази на две противтенковски мини кај месноста Љуботенски Бачила. Во експлозијата загинаа осум припадници на резервниот состав. За семејствата секој 10 август повторно ги враќа спомените за денот кога нивните најблиски заминаа, но не се вратија дома.

„Болови на родителите, татко  му отиде седумнаесеттата година. Син ми на 25 години, јас останав мајка да се бори, да му дадам почит на мојот син“, изјави мајка на еден од загинатите бранители

Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон, од каде што се и загинатите војници. Во меѓувреме, во знак на одмазда е гранатирано селото Љуботен и во тој напад загинуваат двајца цивили.

Реклама

Тогаш одлично се сеќавам кога збеснаа бранителите од Прилеп, они беа на позициите на Попова Шапка, кога збеснаа со право. Војна е се гине“, изјави Најдов Марин претседател на одборот на бранители на Македонија.

Денеска пред спомен обележјата доминираше тишина, но и порака дека жртвата на загинатите не смее да биде заборавена. За нивните најблиски, најважно е споменот да продолжи да се пренесува на идните генерации.

Четврт век по трагичните настани, споменот на загинатите бранители повторно ги собра нивните најблиски и граѓаните пред местата каде што се чува сеќавањето на нивната жртва“.

Премиерот Мицкоски во чест на загинатите испрати порака дека нивната жртва не смее да биде само дел од минатото и дека таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили“, објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Со положување цвеќе и минута молк, семејствата, пријателите, граѓаните и претставниците на институциите утринава им оддадоа почит, најпрво на комеморативната манифестација во Волково, а потоа и во Љубанци и касарната Илинден.

Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното дело, порача градоначалникот на Ѓорче, Стојкоски на центраталната комеморативна манифестација кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково.

Ќе продолжиме достинствено да го негуваме споменот на нашите херои, не зашто тоа е наша должност, туку зашто е и наша чест, зашто народ што ги почитува своите херои има иднина, народ што ги заборава го губи сопствениот идентитет“, изјави Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

На 10 август 2001 година, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.