Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево 

Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена од Второстепената комисија, така што овојпат процесот е целосно успешно завршен. Сега влегуваме во процес на потпишување договор и ако шест месеци е рокот за испорака од потпишување на договорот, моето барање до понудувачот, кој сега веќе ќе е и официјален контрактор на државата, ќе биде првите автобуси да стигнат во декември или во јануари. Следните 60 да стигнат во рок од 12 месеци и уште 60 за 18 месеци. Така што за година и пол да заврши целата испорака, рече Николоски вечерва во гостувањето на една од националните телевизии.

Откако во четвртокот во Владата беа потпишани договорите за инвестициски грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со што се обезбедува финансиската конструкција за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничниот тунел со Бугарија, како дел од Железничкиот коридор 8, Николоски изјави дека е исклучително заедоволен од динамиката на развој на проектот и, рече, ако се оди добро очекува интензивни градежни работи од почетокот на идната година. 

Реклама

Веќе е избрана и ревизорска куќа која до средината на октомври  треба да направи ревизија на целата документација, а потоа таа ќе го следи и процесот на реализација. 

-Ако од страна на Бугарија се работи со истото темпо со кое работиме ние, тогаш сме договорени во 2032 година да имаме поврзување кое ќе оди од Скопје преку Софија до Варна и до Бургас, рече Николоски.

Зборувајќи за други инфраструктурни проекти, Николоски за капиталниот проект автопат Охрид – Кичево соопшти дека градежните активности ќе завршат во првиот квартал на 2027 година, а во кој месец точно ќе зависи од тоа каква ќе биде зимата.

-Ако е блага зима, можеби јануари, ако е остра зима можеби ќе почекаме до март затоа што се работи за планински терен. Но, веќе зборуваме за месеци кога ќе се заврши, а не за години и децении, какви што, за жал, го следеа овој автопат, рече Николоски додавајќи дека откако целиот проект ќе биде завршен ќе ги презентира и сите факти и проблеми со овој проект, со кои се соочиле во изминатите две години. 

Вицепремиерот соопшти и дека утре Министерството ќе има координација со Железница, Град Скопје и ЈСП за да се утврдат возните редови на Градскиот воз кој ќе почне да сообраќа од 1 септември, при што ќе се имаат предвид потребите на средношколците и студентите. 

Како што рече, градежните рабптои се веќе во финална фаза, а до 21 август треба да има технички прием на линијата која треба да оди од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Железничка станица. Ќе бидат во функција најновите купени возови со најмалку три гарнитури – две електрични и една дизел.

Николоски рече и дека МВР ја истражува  големата кражба во електровлечната потстаница Драчево од пред две недели, со штета проценета помеѓу три до пет милиони евра, со што е оштетена критичната железничка инфраструктура.

-Сторителите ќе бидат откриени затоа што е толку тешка кражбата така што не може повеќе од 20-30 луѓе во државата да ја направат – да се исече високонапонска струја, да се кренат 27-тонски транформатори, за тоа треба механизација. Така што горе-долу знаеме кои се луѓето што ова може да го направат, сега МВР истражува за точно да се открие кој го направил тоа. Направено е како на филм – таму е отидено со градежна механизација и со врвни експерти со цел да се извади бакарот од двата трансформатора и да се продаде на црниот пазар, затоа што бакарот на  светските берзи сега има виосока цена. Се врши инспекција и на  сите отпади за железо и останати метали. Некому ова му се видело како добар бизнис. Штетата е од 3 до 5 милони евра, а не дај Боже можеше да се случи и нешто трагично на железницата, изјави Николоски.