Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

 Св. Климент Охридски со векови е симбол на македонската писменост, просветителство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Св. Климент Охридски со векови е симбол на македонската писменост, просветителство и духовност. Но неговото дело не живее само во историјата – тој и денес е инспирација за научниците, писателите, поетите, драматурзите и филмските автори. Токму оваа современа творечка инспирација е во фокусот на новото научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“.

 Четири до пет години истражување, илјадници страници литература и различни уметнички и научни пристапи кон ликот и делото на Св. Климент Охридски се обединети во едно научно дело.

 “Ова е наука за св. Климент, како творечка, како традиција, како инспирација за сите кои посегнале да пишуваат за св. Климент, да прават документарни филмови, играни филмови, поезија, драма. После ова јас имав една драма Апостолска чудотворност.Така што големи истражувања се во народната поезија, во народната литература, сето тоа е во овaа книга”-вели проф.д-р Зоран Пејковски  

Реклама

Неговата вредност, е токму во тоа што покажува дека просветителот и денес останува жив извор на творечка инспирација.

”Оваа раскошна херменевтика е навистина импресивен рудник на познавања, студиозни познавања, којшто копаат во тој рудник и од тој изворник излегува една прекрасна раскошна херменевтика која говори за тоа како е современата рецепција, значи, како св. Климент Охридски е мотивација за современиот театар, за современата литература, за поезијата, и тоа е многу драгоцен придонес”-вели проф.д-р Кристина Николовска,промотор

„Јас докторирав на Св. Климент и сакав да оставам еден печат. За мене Св. Климент е нешто највисоко и највозвишено, нешто со кое Македонија треба да се гордее и да го чува како светост,истакна авторот на книгата,професор Пејковски.