Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

Продавачи, келнери, готвачи, сметководители, административци и работници во индустријата се меѓу најбараните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продавачи, келнери, готвачи, сметководители, административци и работници во индустријата се меѓу најбараните профили работници на македонскиот пазар на труд. Иако најмногу намногу негостасуваат работници во угостителскиот сектор, сепак работодавачите велат дека во моментов скоро и да нема професија која не се бара на пазарот. Ако изминатите години секој втор оглас беше наменат за работници во ИТ секторот, сега побарувања има за електричари, бравари, рабптници во машинската изндустрија, занаетчии.

Според огласите што се објавени во АВРМ тоа се продавачи и да речеме се бараат и лицата за обезбедување на имот, оние стражари во агенциите за обезбедување бидејки тие се и најмалку платени. ИТ работниците ја изгубија таа привилегија за најбарано работно место со напредувањето на вештачката интелегенција. “- вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Дополнително е загрижувачки податокот дека меѓу оние кои бараат работа, доминираат кандидатите со основно образование, а најголем дел од нив, од организацијата за работодавачи велат дека завршуваат со работа на црно. Па поради недоволно квалификуван кадар, работодавците ја зголемуваат платата само за да ги задржат работниците, а продуктивноста тапка во место.

Реклама

„Факт е дека и бројките со просечна плата покажуваат дека поради недостиг на работници реалната плата расте многу повеќе од продуктивноста во државата. Затоа што просечната нето плата за петти месец 2026 година во однос на мај 2025 е порасната за 8,2 проценти. И ако ја одбиеме инфлацијата за тој период од 2,3 проценти значи имаме реален раст на нето платите од 5,9 проценти во услови кога растот на БДП по жител ни е 3,1 проценти.“ – вели Димитров.

Според статистиките, во Македонија над 129 илјади се водат како невработени од кои 88 500 активно бараат работа, а околу 41 илјада се пасивни кандидати. Работодавците велат дека бројката би требало да биде значително помала бидејќи во првите три месеци од 2026 околу 94 илјади работеле во неформалната економија. Тие велат дека мерките на Владата за намалување на невработеноста ги даваат посакуваните резултати, но на долгорочен план не треба да се даваат плати и дневници на рака и да се зголемат инспекциите за работа на црно со цел трајно да се исчисти списокот на невработени.