Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВРЕДИ: Расипаната плоча на ДУИ не ја брише одлуката на Груби за казината

ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол.

За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме некои од „достигнувањата“ што тој ги реализираше во име на ДУИ.

Реклама

Да, Артан Груби претседавал со седници. Дури претседавал и со седницата на која беше донесена одлуката казината да никнуваат како печурки во секое албанско маало.

Со Груби како „прв вицепремиер“, Александар Онишченко, лице ставено на американската црна листа, доби државјанство, додека Дака Давидовиќ, исто така на американската црна листа, до гуша се вмеша во зделките за Тетово.

Ете за што ѝ служеше на ДУИ оваа функција!

И бидејќи самите ја отворивте темата за „првиот вицепремиер“, одговорете на прашањето што ви го повторуваме со денови:

Дали ќе побарате од Обвинителството да соопшти до каде е стигнат случајот поради кој Артан Груби заврши на американската црна листа?