Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова – Хаџиу: Унапредување на соработката во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот

На маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово.   На средбата обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот. Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово.  

На средбата обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот.

Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на парламентарните избори во Косово.  

Реклама

Таа изрази поддршка на евро-атлантските аспирации на Косово и подготвеност за споделување на македонските искуства и експертиза. 

Претседателката истакна дека ќе продолжиме да ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО, како и аспирациите на Косово за членство во регионалните и меѓународните организации и иницијативи. 

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од успешната примена на едношалтерскиот систем на граничните премини Блаце и Јажинце.

Според неа, потребно е поголемо искористување на европските фондови за модернизација на граничната инфраструктура и отворање нови гранични премини. 

Во однос на безбедносните прашања, Сиљановска-Давкова ја реафирмира поддршката на дијалогот Приштина - Белград со посредство на Европската Унија. 

Според неа, ваквиот пристап и помирувањето претставуваат единствен одржлив пат кон стабилност, безбедност и соработка во Западен Балкан. 

Обете се согласија дека македонско-косовската економска соработка бележи континуиран напредок, а Косово останува еден од нашите најзначајни трговски партнери.