Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“ во рамките на нејзината официјална посета на Словенија.

Македонската претседателка вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести. По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамките на посетата претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.

Реклама

Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.