Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Шведската амбасада со повик за номинации за меѓународната награда „Младинска храброст“

Амбасадата на Шведска на 27 јануари отвори повик за номинации за меѓународната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Шведска на 27 јануари отвори повик за номинации за меѓународната награда ”Young Courage Award”, односно награда „Младинска храброст“, се вели во соопштението од Амбасадата.

За што станува збор?

Наградата „Младинска храброст“ од 2015 година им се доделува на млади со цел „да се истакнат младите на возраст од 13 до 20 години, кои со мали ресурси направиле голема разлика и покажале морална храброст и посветеност“.

Реклама

Зад иницијативата стои Академијата Раул Валленберг (RWA).

Од 2021 година, наградата е меѓународна.

Наградата, за шведски и меѓународни добитници, се состои од диплома и патување „по стапките на Раул“ во Стокхолм заедно со другите добитници.

Официјалната церемонија на доделување се одржува во Стокхолм во рамките на одбележувањето на Денот на Раул Валленберг на 27 август, во присуство на претставници од шведската влада, граѓанското општество и бизнис-секторот.

Номинациите треба да содржат кусо образложение (до 1000 карактери) зошто номинираното лице треба да ја добие наградата, и треба да се испратат на мејлот на амбасадата: [email protected] најдоцна до 31 март 2026 година.

Номинација може да поднесе секој за друго лице или за себеси.