Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Што значела изјавата на Заев за отварање на судството како „пупка“?!

„Го отворив судството како пупка“ – оваа често повторувана изјава на екс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Го отворив судството како пупка“ – оваа често повторувана изјава на екс премиерот Зоран Заев влеваше надеж дека владата на СДСМ во својот мандат ќе се залага за реформи во правосудниот систем и судови кои ќе бидат независни од политиката.

„Јас верувам дека независноста на судството можеме да ја постигнеме сите заедно. Но, дел од независноста е токму таа транспарентност, мониторинг од страна на граѓаните. Само на тој начин секој ќе носи одлука согласно Устав, согласно закон и по сопствено убедување. Никогаш повеќе да нема јавувања, диктирање на пресуди по телефон кои што сите заедно ги слушнавме“, рече Заев.

Заев честопати говореше за силна, независна и професионална судска власт која нема да потклекнува под каков било притисок на Владата. „Судството мора да биде ослободено од стегите на политиката“, вети тој на настан организиран од Здружението на судии.

Реклама

„Судството мора да биде ослободено од стегите на политиката. Во хиерархијата на моите обврски како претставник на извршната власт, врвен приоритет е обезбедувањето на услови за целосна рехабилитација на правосудниот систем за да се обезбеди независноста и самостојноста на судиите“, рече тој.

Владеење на правото и независно судство е еден од условите на ЕУ за добивање на датум за старт на преговорите со Македонија.
Пред четири месеци, кога гостин во земјава беше тогашниот претседател на Европскиот совет, Доналд Тукс, токму Заев порача оти „Рекет“ бил силен тест за судството и за успехот на постигнатите правосудни реформи.

„Случајот Рекет е силен тест за судството и за успех на реформите. Институционалното разрешување на овој и на сите слични случаеви ќе ја докаже независноста на правосудниот систем и јасната политичка волја за борба против корупцијата“, вели Заев.

Заев како претседател на Владата, седна и на челното реформаторско столче во Советот за реформи во судството. Експертите негодуваа оти реформи во судството не се можни кога главните конци ги влече првиот човек на Владата. И покрај критиките на јавноста, Заев на чело на Советот остана повеќе од една година. Оставка од оваа функција поднесе во екот на актуелната „метла“ со која ветуваше чистка во Владата.

Биљана Божиновска