Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Штипско Ново Село ќе го враќа својот автентичен изглед

Историското штипско Ново Село ќе го враќа својот автентичен изглед. Преку мегуграничен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Историското штипско Ново Село ќе го враќа својот автентичен изглед. Преку мегуграничен проект, финансиран од фондовите на ЕУ, ќе се реконструира една од куќите, кои градот пред една деценија ги доби како подарок од кардиохирургот со штипско потекло, Жан Митрев. Куќата во целост ќе го задржи својот архитектонски стил и ќе служи како сместувачки капацитет.

  „Првично една куќа за сместувачки кпацитет. Тоа е куќата што ја добивме како донација  од д-р Жан Митрев. Дополнително ќе бидат  реставрирани и уште неколку куќи, со цел да се подобри амбиентот и да се врати тој автентичен изглед. Сместувачкиот капацитет во бањата „Кежовица„ ќе биде реконструиран, а ќе има целосно уредуваање и на изворот Л”џи„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Штипско Ново Село располага со потенцијал со кој може да се привлечат домашните, но и странски туристи. Освен старите куќи заштитени со закон, Црквата Успение на Пресвета Богородица, поставката за ретки икони, ова маало кое во предилинденскиот период важел за револуционерен центар, со своите споменици и објекти може да раскаже историски приказни, но и да биде вистински музеј под отворено небо. Овде  прстојувале Дамјан Груев, Ѓорче Петров учителствувал Гоце Делчев, кој токму во Ново Село ја положил и револуционерната заклетва пред камата и револверот. Како вистински раскажувач за се она што се случувало е Музејот на ВМРО, сместен во возобновена куќа  која државата  пред една деценија ја откупи  од семејството со цел да го сочува нејзиниот автентичен изглед. Овде се сместени 11восочни фигури и историски експонати.

Реклама

  „Во последните неколку години се направени напори да се оплемени овој простор и да биде атрактивен пред странските туристи. Тоа е направено и сотварањето на Музејот на ВМРО. Овој објект преставува од исклучителна важнот за македонската архитектура. Како таков е откупен од државата, конзервиран и направен достапен за посетителите со тоа што во него се сместени восочни фигури на дејците од 1893- 1934„ изјави Славко  Горгиев од Музеј на град Штип.

Меѓу восочните фигури на Мише Развигоров, Тодор Алексндров, Ванчо Михајлов, Гоце Делчев, се наоѓа и восочната фигура на баба Ванѓа. Таа преставува вистински куриозитет за посетителите, а во восочната поставка  се нашла случајно, откако при планирањето, биле помешани  штипско со струмичко Ново Село.