Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Штипските средношколци од угостителскиот смер практично учеа за јапонската храна

Средношколците од угостителскиот смер во Државното средно училиште „Коле Нехтенин“ денеска учеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколците од угостителскиот смер во Државното средно училиште „Коле Нехтенин“ денеска учеа како да приготват суши и онигири автентични јапонски јадења. Под менторство на Кјоко Нишикава шеф-готвач во Амбасадата на Јапонија идните угостители имаа можност да ги совладаат традиционалните техники на јапонската кујна.

– Денеска подготвуваме онигири и суши. За подготовката на суши треба ориз, оризов оцет, сушени морски алги – вели Нишикава.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип, Јованка Шалева вели дека ова гостување на претставници од амбасадата на Јапонија е почеток за една убава соработка, а на овој начин учениците имаат и практична настава. 

Реклама

– Во кујната на нашето училиште секогаш се готви нешто ново и вкусно. Меѓутоа денеска имаме нескојдневна прилика, наши гости да бидат претставници од јапонската амбасада, кои што за нашите ученции ќе подготват дел од нивните специјалитети. Ова е почеток за една идна соработка при која што ќе имаме прилика пак ние да им ги покажеме нашите специајлитети – рече Шалева.

Професорот Горан Антониевски вели дека ова е одлична презентација на јапонската храна. 

– Најпрво готвачот од јапонската амбасада направи квиз прашања за запознавања со јапонската култура, гастрономска понуда. Потоа направија презентација и сето тоа во моментот направија дирекна подгтовка на храната. Се подгтовуваа суши и онигири – вели Антониевски.