Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка

Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема.  -Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема. 

-Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60-80 униформи со боци, шлемови, со чизми за оган –вели Ташков. 

Доброволците пожарникари изминатите два дена при гаснењето на пожарите над населбата Кадидаре и во викенд населбата Кумлак беа рамо до рамо со пожарникарите од ТППЕ-Штип. Поради непристапниот терион нивните теренски возила беа користени за брзо да се пристигне до местата каде што е огнената стихија. Ташков вели дека ДПД-Штип веќе има над 30 членови и секој граѓанин кој има интерес да стане нивен член слободно може да се приклучи. 

Реклама

-Секој што сака да помогне во гаснење на пожари, за доброто на нашиот град, е добредојден во друштвото. Вратите се отворени за секој што има желба-рече Ташков. 

Инаку поголемиот дел од членовите на ДПД се и членови на оф роуд друштвото, кое низ години им има помагано на пожарникарите при интервенции во планински предели и на непристапни терени.