Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ со низа на настани е дел од Европската ноќ на истражувачи 2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачи 2026, а ќе има бројни интерактивни активности посветени на науката, истражувањето и иновациите.

Од УГД-Штип информираат дека Европската ноќ на истражувачи е европска иницијатива која ја приближува науката до јавноста и создава можности за непосредна комуникација со научниците. Активностите се реализираат во рамки на проектот CHOOSE SCIENCE – „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со активностите започнува утре на 24 септември, со пленарно предавање на академик проф. д-р Блажо Боев на тема „Важноста на К-Т геолошката граница во еволуцијата на Земјата“, во 11:00 часот, Амфитеатар 2, Кампус 2.

Реклама

На 25 септември во Штип, програмата започнува во 9:00 часот со Отворени лаборатории на Кампус 2, а продолжува со панел-дискусија, предавања на професори од УГД и бројни научни и интерактивни содржини.

Централниот настан „Уметност и наука под ѕвездите“ ќе се одржи од 18:00 часот на плоштадот „Слобода“, со музичко-сценска програма, модна ревија, изложба на уметнички дела и штандови на факултетите на УГД и средните училишта.

-Со својата програма, УГД повторно ја отвора науката кон јавноста и создава простор за средба меѓу истражувачите, младите и граѓаните- соопштуваат од УГД-Штип.