Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Штипскиот градоначалник оствари средба со два успешни спортски клуба

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со претставниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со претставниците на клубот „Титан ММА“, по повод нивното учество и остварениот успех на државното ММА првенство, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Во соопштението се вели дека на првенството, клубот се закити со два шампионски пехари и едно второ место, а носители на одличјата се Александар Миланов и Влатко Василевски, кои освоија први места, како и Стефан Стојков, кој го освои второто место.

На приемот, градоначалникот Јорданов упати честитки за постигнатите резултати и истакна дека Општина Штип е особено горда што „Титан ММА“ е првиот ММА клуб во градот, кој со своите успеси испишува значаен дел од спортската историја на Штип. Тој нагласи дека овие спортисти со своите достигнувања ќе останат трајно запаметени како дел од историјата на клубот и на градот под Исарот.

-Денес, градоначалникот Јорданов оствари прием и на Боксерскиот клуб ФАМ Демирови, предводен од тренерот Тархан Демиров. На средбата беше истакнат големиот успех на клубот, кој по четврти пат го освои Трофејот на Македонија во екипна конкуренција на Државното првенство во бокс за младинци, се вели во пишаното соопштение од Општина Штип.

Реклама

Градоначалникот, Јорданов порача дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да ги поддржува спортските колективи и младите спортисти, препознавајќи го спортот како важен сегмент во промоцијата на градот, здравиот начин на живот и афирмацијата на Штип на државно и меѓународно ниво.