Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Штипски „Исар“ апелира на рационално користење на водата за пиење

Штипското комунално претпријатие „Исар“ утринава со апел водата да се користи рационално,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипското комунално претпријатие „Исар“ утринава со апел водата да се користи рационално, бидејќи од синоќешното невреме во Пробиштипскиот Регион има прекин на електричната енергија со што Хидросистемот „Злетовица“ има потешкотие во работењето. Во соопштението на ЈП „Исар“-Штип се наведува дека екипите на ХС „Злетовица“ работат на санирање на проблемот. Инаку, градот Штип со вода за пиење се снабдува преку цевководот од ХС „Злетовица“. 

-Поради силното невреме кое го зафати пробиштипскиот реон како и прекинот со напојување на електрична енергија , ХС „Злетовица” има потешкотии во работењето и снабдувањето со вода ќе биде отежнато или делумно прекинато.Поради тоа замолуваме за крајно рационално користење на водата се до нормализирање на состојбата.Екипите на ХС „Злетовица“ работат на санирање на штетите пд невремето и нормализирање на водоснабдувањето-се вели во соопштението на ЈП „Исар“-Штип. 

Во општина Пробиштип се санираат штетите од синоќешното невреме, а делови од Општината немаат електрична енергија. Од општина Пробиштип информираат дека за разлика од претходното невреме синоќа има помал број на пријавени штети од страна на граѓаните.