Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Штипската клиничка болница ја завршува годината со долг од 160 милиони денари, но со планови за инвестирање во нова опрема и реконструкција

Со вкупен долг околу 160милиони денари, штипската Клиничка болница, ја завршува годината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вкупен долг околу 160милиони денари, штипската Клиничка болница, ја завршува годината. Најголем долг околу 30милиони денари имат кон Републичкиот завод за трансфузиологија, како и кон компаниите добавувачи на лекови и друг медицински потрошен матрејал Најголем дел од долговите, околу 30милиони денари се кон Републичкиот завод за трансузиологија

„Штипската Кличка болница наследи вкупен долг од 190милиони денари. Доспеани обврски имавме околу 160милиони денари. Успеавме за овие четири до пет месеци, да ги намалиме за околу 30милиони денари. Вкупниот долг сега е 160милиони денари, а доспеаните обврски се 132милиони денари. Најголем долг имаме кон Републичкиот завод за трансфузиологија. Беше 40милиони, успеавме да го намалиме за 10милиони денари„ изјави Мирјана Ефремова

За наредната година е предвидено штипската Болница, да функционира со поголем буџет. Освен набавка на нова медицинска опрема, за наредната година се планира со работа да почне Ургентниот центар, а модуларната болница да се преадаптира во амбуланти за специјалистички прегледи. 

Реклама

„Имаме инвестиции во градежни објекти. Таму спаѓаат Ургентниот центар. Предвидена е реконструкција на модуларната болница. Планирано е реконструкција на кровната конструкција на инфективното одделение. Предвидени се инвестиции во медицински апарати„ изјави Мирјана Ефремова.

Во годината што изминува, за сервисирање на медицински апарати потрошени се околу 11милиони денари. Додека по основ на партиципација која ја плаќаат пациентите за болнички лекувања на одделенијата, болницата има загуба од околу 8милиони денари.

Александра Ристевска