Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Штип, Радовиш, Неготино и Конче добија нови противпожарни возила од амбасадата на САД

Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како и поголема безбедност за пожарникарите и граѓаните. 

-Вашата работа бара вештина, дисциплина и пред се храброст. Денешната донација овозможена со поддршка на САД, обзебедува возила на спасување, заштита на опрема и спејализирана опрема за оптшините Штип, Радовиш, Конче Неготино- вели Варнс.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека донацијата има посебно значење за пожарникарите и доаѓа во вистински момент, имајќи предвид дека наближува и летната сезона. 

Реклама

-Оваа донација, доаѓа во вистински момент, особено ако се има предвид дека се приближуваме кон летниот период, кога статистички ризикот од  пожари значително се зголемува. Токму затоа секоја инвестиција во подобрување на капацитетите за превенција и интервенција има непроцелива вредност. Особено радува фактот што опфаќа современи пожарни возила, специјализирана противпожарна опрема, заштитини униформи за интервенции, како и дувалки за справување со шумски пожари-изјави Јорданов.

 Градоначалници од општините Радовиш, Конче, Неготино, се заблагодарија што и нивните општини добијат противпожарни возила.

-Возилата се и те како од големо значење, од причина што во последните неколку години сведоци сме на големи шумски пожари кои што се случуваат во Р.Македонија-рече Љупче Почивалец градоначалник на општина Радовиш. 

Инаку, настанот се одржа во ТППЕ во Штип, а на истиот присуствуваа претставниците на општините, како и пожарникари од ТППЕ Штип, Радовиш, Конче и Неготино.