Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Штип повторно добива вода: Стабилизиран приемот од „Злетовица“

Водата за пиење во Штип е хемиски и бактериолошки исправна. Направените анализи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата за пиење во Штип е хемиски и бактериолошки исправна. Направените анализи покажале дека ги исполнува сите дозволени параметри и граѓаните можат безбедно да ја консумираат, информираат од ЈП „Исар“. Анализите се направени по вчерашниот прекин во водоснабдувањето, предизвикан од елементарната непогода во пробиштипскиот регион. Поради зголемена матност, филтер-станицата ја прекина преработката на сурова вода од ХС „Злетовица“.

„Водата е хемиски и бактериолошки исправна. Направени се сите потребни анализи, водата одговара на сите дозволени параметри и граѓаните можат слободно да ја консумираат… Во поголемиот дел од градот водоснабдувањето си беше нормално, затоа што тие добиваат вода преку резервоарски систем“, изјави директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски.

Од штипското комунално претпријатие посочуваат дека квалитетот на водата се контролира и преку современата филтер-станица, каде што човечкиот фактор е сведен на минимум. Системот автоматски се блокира доколку водата не ги исполнува потребните стандарди.

Реклама

„Секоја капка вода којашто низ водоводната мрежа се пушта од филтер-станицата, целосно стоиме и гарантираме зад нејзината безбедност, хемиска и бактериолошка исправност“, изјави директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски.

Поради екстремно зголемената матност, денеска и филтер-станицата во Свети Николе не може да ја преработува водата од ХС „Злетовица“. Градоначалникот ги повика граѓаните рационално да ја користат водата, со цел резервите за водоснабдување да бидат доволни и евентуалниот прекин да трае што е можно пократко.

Силното невреме што во саботата вечер го зафати Источниот регион, посебно Пробиштипско и Кочанско, предизвика сериозни штети. Во Чешиново-Облешево сè уште трае санацијата на оштетувањата на електричната мрежа.