Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Штефан Павлињек во „Бизнис-клуб плус“: Со вработување на младите по образованието ќе се спречи иселувањето

„Мојата желба е младите кои го завршуваат образованието и кои ги преземаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Мојата желба е младите кои го завршуваат образованието и кои ги преземаме кај нас на работа да останат во својата држава и тука да ја градат својата професионална кариера“, истакна Штефан Павлињек, стопанственик и директор на групацијата „Рото“, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески, се вели во соопштението од Стопанската комора на Македонија. 

Павлињек потенцира дека од исклучително значење е она што се изучува на факултетите да се примени во пракса заради создавање нови производи и услуги. Особено се залага за тоа младите да се вработуваат во неговата компанија веднаш по завршувањето на нивното образование бидејќи така се искористува нивното знаење и се придонесува за спречување на иселувањето на младите надвор од државата. Според него, државата мора да најде начин да ги задржи младите во сопствената земја и да им овозможи тука да ја градат својата кариера затоа што вложила во нивното образование.

Просечната возраст на вработените во компаниите на групацијата „Рото“ е 36 години. Тоа се млади лица кои ги стипендира и ги поддржува групацијата и постојано инвестира во нивното знаење и професионален развој.

Реклама

Во разговорот Павлињек се наврати и на своето потекло од Поморје, дел од Словенија на границата со Австрија, Унгарија и со Хрватска. Нагласи дека тоа долго време било најнеразвиеното подрачје во Словенија, но благодарение на средствата од ЕУ денес се развива со забрзано темпо. Испрати порака до Македонија, негова посебно драга земја,  како држава кандидат за членство во ЕУ максимално да ги искористи сите средства од европските фондови бидејќи по влезот во ЕУ средствата значително ќе се намалат.

Павлињек истакна дека Македонија за него претставува важен пазар и регионален центар, особено поради вредните луѓе и блискоста со пазарите на Бугарија, Грција, Албанија и на Косово. Како претседател на Стопанската комора за занаетчиство и мали бизниси на Словенија активно ја поттикнувал соработката со Македонија и помогнал голем број македонски производи да се пласираат надвор од земјата. Додаде дека е особено горд што е почесен конзул на Македонија во Словенија.

Запрашан за трите клучни диспаритети во општеството: (1) односот меѓу капиталот и трудот, (2) односот меѓу активното и издржуваното население и (3) континуитетот на примена на правните прописи при промена на власта, Павлињек оцени дека државата недоволно сериозно го третира стопанството. Тој подвлече дека за развој на стопанството се потребни финансии и инвестиции, а кога се развива стопанството, се развива и државата. Тој нагласи дека економскиот напредок и задржувањето на работната сила се нераскинливо поврзани.