Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шокантни податоци: Кај едно од 10 починати деца причината е аерозагадувањето

Шокантни и повеќе од загрижувачки се податоците дека во Македонија годишно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шокантни и повеќе од загрижувачки се податоците дека во Македонија годишно се губат стотици животи заради изложеност на загаден воздух. Стапките на смртни случаи и хоспитализации заради респираторни болести се повисоки од националниот просек.

 “Во Македонија сега скоро излезе монструозен податок, од 10 деца што ќе ни починат,а се помали од една година, кај едно е причина аерозагадувањето.Мислам тоа е ужасен податок,така да навистина последиците врз здравјето на луѓето се огромни.Допрва ќе гледаме  што значи ова аерозагадување кај наредните генерации”-вели д-р Ана Угринска,копретседател на ДОМ

Загаден воздух го задушува и езерскиот град. Податоците за квалитетот на воздухот кои ги објавува министерството за животна средина, покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните и раните утрински часови, измерените вредности покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички како и на уште поопасните ПМ2,5 честички.Синоќа Охрид беше меѓу трите најзагадени градови во државава.Не верував вели доктор Угринска дека некогаш ќе видам како Охрид е позагаден од Скопје.Загриженоста ја делат и охридиските активисти,ова е велат проблем кој се провлекува најмалку 2 децении.

Реклама

Состојбата со воздухот во Охрид не е нова, таа датира многу одамна.Оние што се малку повозрасни се сеќаваат дека ова се случуваше и многу порано, а особено откако почна непланираната изградба на високите згради. Тие градби кои се проектораа и изградија во првите редови или најблиску до брегот на Охридското езеро го спречуваа она воздушно движење кое  што доаѓаше од езерото кон градот” –велиТрајче Талевски,природонаучник

Причина за големата загаденост во Охрид е и депонијата Буково која го труе населението од охридско-преспанскиот регион.

”Сведок сум дека чувствувам, во градов и околината се чувствува смогот, се осеќа непријатни миризби”-вели Борис Стојаноски,Е.Д.“Грашница”

Неопходно е здружување на сите чинители,почнувајќи од граѓаните па се до политичките органи на локалната и централна власт ако сакаме да се справиме со предизвиците со кои соочува Охрид денес.Ова говори дека влијанието на аерозагадувањето кое е големо во Македонија,се однесува и на подрачја за кои мислевме дека се чисти и заштитени-велат нашите соговорници. 

Росица Голабоска