Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

„Шест години Лајка-не славиме бројка, славиме промена“

„Шест години Лајка – не славиме бројка, славиме промена е мотото под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Шест години Лајка – не славиме бројка, славиме промена е мотото под кое “ЈП „Лајка” – Скопје одбележува шест години од своето постоење и по тој повод организира настан кој има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

-Шест години постоење на ЈП „Лајка“ се значаен јубилеј, но и можност да се направи пресек на сработеното, на постигнатите резултати и на предизвиците што сè уште стојат пред нас. Зад секое третирано куче, секое успешно вдомување и секоја спречена несакана ситуација стојат многу работа, професионалност и посветеност на вработените. Нашата цел е одбележувањето да го искористиме пред сè за доближување на работата на претпријатието до граѓаните. Сакаме да ја зголемиме свеста дека решавањето на проблемот со уличната популација на кучиња не е одговорност само на ЈП Лајка, туку заедничка обврска на институциите, граѓаните и сопствениците на домашни миленици, вели директорот на „Лајка“ Војислав Димитровски. 

Во рамките на активностите, нагласува посебен акцент се става на промоцијата на вдомувањето, одговорното сопствеништво и волонтирањето, како и на претставувањето на кучињата од прифатилиштето пред потенцијалните вдомувачи.

Реклама

-Најголемата вредност на овој роденден ќе биде ако успееме што повеќе кучиња да добијат можност за нов дом и ако поттикнеме поголемо учество на заедницата во решавањето на проблемот преку активностите кои ги планираме за зголемување на јавната свест. Роденденот ќе се одржи на 17 октомври од 12 часот во паркот кај авиончето во Ново Лисиче и ги покануваме сите заинтересирани граѓани заедно со своите миленици да дојдат и заедно да прославиме, да се забавуваме и да секако да се едуцираме, додава тој.

Во рамки на програмата, ќе има изложба на детски цртежи. Учениците од ООУ „Блаже Конески” и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу” преку своите цртежи ги претставиле кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Преку овие активности, од „Лајка“ сакаат да потсетат дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица и не може да се реши единствено во прифатилиште. Долгорочната промена, нагласуваат, бара одговорно сопствеништво, стерилизација, едукација, вдомување и заедничко дејствување на институциите и граѓаните.

Ќе бидат претставени десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ќе има ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори, се вели во најавата од ЈП Лајка.

Исто така, ќе биде организирана креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.