Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Шасивари: Нула толеранција за криминалот и корупцијата во затворите

На  Регионалната конференција „Организиран криминал во затворите – зајакнување на интегритетот, разузнавачките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На  Регионалната конференција „Организиран криминал во затворите – зајакнување на интегритетот, разузнавачките капацитети и соработката во Југоисточна Европа, министерот за правда Јетон Шасивари во своето обраќање истакна дека борбата против организираниот криминал и корупцијата во затворите е еден од приоритетите во реформата на пенитенцијарниот систем.

„Криминалните мрежи не познаваат граници. Тие комуницираат преку границите, ги користат слабостите на институциите и ги поврзуваат своите активности во повеќе држави.Затоа и нашиот одговор мора да биде регионален.Потребно ни е побрзо и поефикасно разменување на разузнавачки информации, подобра координација меѓу институциите, заеднички проценки на безбедносните и корупциските ризици и заедничко градење на капацитетите на нашите пенитенцијарни системи “, порача министерот Шасивари.

Во изминатиот период се преземени конкретни мерки за зајакнување на системот – вработени се 100 нови службени лица, воведени се специјализирани антикорупциски обуки и се формирани единици за затворско разузнавање во Идризово, Штип, Прилеп и Затвор Скопје.

Реклама

Паралелно, се работи на професионализација на управувањето со затворскиот систем преку подготовка на законски измени со кои раководните позиции во затворската полиција треба да ги преземат искусни професионалци од системот.

Во делот на подобрувањето на условите, обезбедени се 25 милиони евра за изградба на објектите во КПД Идризово, во рамки на проект вреден 46 милиони евра, со цел создавање побезбедни и посоодветни услови согласно европските стандарди.

Министерот за правда Јетон Шасивари посочи дека зајакнувањето на пробацијата и електронскиот надзор е важен дел од современата пенитенцијарна политика. Во 2025 година е изречена првата пресуда за куќен затвор со електронски надзор, а досега се донесени 11 судски одлуки за примена на оваа мерка.

„Ниту една држава не може сама да се справи со организираниот криминал. Ни треба побрза размена на разузнавачки информации, подобра координација и заедничко градење на капацитетите. Безбедноста на нашиот регион е заедничка одговорност“, порача министерот Шасивари.