Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Шаќири не попушта, албанска паралелка ќе има во ОУ „Тодор Јанев“ – Чашка

Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта. Нема договор за албанската паралелка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта. Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ – Чашка. Иако учениците ја бојкотираат наставата четири недели и родителите протестираат секојденвно против работењето на директорката на училиштето и за како што велат незаконското воведување на нова паралелка на албански јазик, на Шаќири тоа изгледа не му значи многу. Останува на ставот дека најдоброто за учениците да учат на мајчин јазик.

Како можам да прифатам кога се однесува за четири ученици кои немаат никаков проблем со никој, јас ги прифаќам сите дискусии, но да прифатам деца да патуваат заради тоа што некој така сака и прави проблем во образовниот процес.Јас тоа не го прифаќам поради тоа што барам решение на проблем кој е долгогодишенвели министерот Јетон Шеќири.

Министерот иако јавно ги повика родителите да му достават предлог решение, тој не прифати ниту едно.Една од понудените опции кои му беа доставени во кабинетот беше албанската паралелка да се воведе во соседните села Сливник или Бањица каде што мнозинството жители се од албанска националност.

Реклама

Инаку, секојдневните протести на родителите пред училиштето се се’ по тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, и да се вратат ингеренциите на општина Чашка врз училиштето.Само на тој начин ќе се најде решение на проблемот, велат тие.

Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот, и револтот е токму поради тоа е зголемен.Единствено што во мемоментов, е официјално барање од нас е директорката да се промени.Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остнатите за да се  најде решение изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Според родителите училиштето Тодор Јанев, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка е “насилно” и незаконски.

Ања Лукарова