Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Шабан Салиу: Шуто Оризари заслужува безбедни улици и осветлени маала

Д-р Шабан Салиу, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари и претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Д-р Шабан Салиу, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите (ДСР), вчеравечер одржа средба со симпатизери и членови на ДСР, на која детално говореше за столбот „Инфраструктура и урбан развој“ од изборната програма. На настанот беа презентирани конкретни мерки за брза и транспарентна инфраструктурна обнова, со акцент на безбедноста на граѓаните и рамномерниот развој на сите населби, се наведува во соопштението од ДСР.

Во своето обраќање, д-р Салиу истакна дека општината мора да им обезбеди на жителите основни стандарди за достоинствен живот: асфалтирани и поврзани улици, сигурни пешачки патеки и јавни простори што штитат – особено околу училиштата, градинките и пазарите. Притоа беше најавен динамичен план на фази за забрзана реконструкција по населби, со јавно достапни визуелни извештаи и датум на завршување за секој проект, за резултати што се гледаат.

Посебно внимание беше посветено на пешачката безбедност преку воведување коридори со ниска брзина и физички бариери, дополнително улично осветлување и видеонадзор во координација со полицијата, како и образовни кампањи во кои учениците ќе бидат „мали амбасадори на безбедноста“.

Реклама

„Шуто Оризари заслужува инфраструктура со мерка, ред и сигурност. Нашата програма носи јасни рокови и работа од Шуто Оризари за Шуто Оризар. Не ветуваме – остваруваме. Затоа повикувам на мобилизација, за глас што се слуша и резултати што се гледаат, заокружете 24,“порача д-р Шабан Салиу.