Реклама
Прилози

Сериозен удар на Трамп врз Зеленски: Ја суспендираше американската финансиска и воена помош за Украина

Украина по се изгледа ќе ја изгуби војната со Русија откако остана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина по се изгледа ќе ја изгуби војната со Русија откако остана без американска воена помош вредна од над една милијарда американски долари. Во последните три години  Зеленски и Украина војуваа со Владимир Путин со 337 милијарди евра. Американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендира воената помош за Украина се додека Белата куќа не добие уверување од претседателот Володимир  Зеленски дека се фокусирал на мирот.

Ова го соопшти Белата куќа со напомена дека наредбата стапува веднаш на сила и се однесува на оружје и муниција во вредност од над една милијарда американски долари. Одлуката е донесена на состанок во Белата куќа во присуство на потпретседателот на САД и министерот за одбрана. Тие донеле одлука, помошта да биде времено суспендирана и подложена на ревизија.

Неколку часа пред да биде соопштена одлуката, потпретседател Џеј Ди Венс во телевизиско интервју изјави дека верува оти украинскиот претседател „на крајот“ ќе се помири со учеството во мировните преговори за ставање крај на војната со Русија.

Реклама

„Тој покажа јасна неподготвеност да учествува во мировниот процес што претседателот Трамп го означи како политика на американскиот народ и нивниот претседател. Тоа е вистинскиот проблем – мислам дека Зеленски не беше подготвен во тоа време. И искрено, мислам дека сè уште не е подготвен, но верувам дека на крајот ќе дојде до тоа, бидејќи ќе мора“, вели Џеј Ди Венс, потпретседател на САД

Украина е разочарана поради одлуката на САД.  Претседателот на Комисијата за надворешна политика на украинскиот парламент потегот на Трамп го оцени како обид да се принуди Киев да капитулира пред условите на Русија.

„Сега да се запре помошта значи да му се помогне на рускиот претседател Владимир Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо. Изгледа дека не принудува да капитулираме, што значи прифаќање на руските барања. Најважно е дека ова е психолошки удар, политички удар за Украина, тоа не му помага на нашиот морал“ вели Олександр Мережко, Претседател на Комисијата за надворешна политика на украинскиот парламент

Исто така, покрај укинувањето на помошта за Украина, САД им објави трговска војна со Канада, Кина и Мексико. Воведе нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.

Канада возвраќа со сопствени царини. Премиерот Џастин Трудо објави дека Отава веднаш воведува 25 отсто царини на американски производи. Премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд, изјави дека е подготвен да го прекине извозот на електрична енергија во САД, доколку тарифите на претседателот Трамп за канадски стоки бидат исполнети.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум најави дека нејзината земја ќе одговори на новите царини. Кинеското Министерство за трговија исто така објави дека ќе преземе „соодветни контрамерки“, но исто како и Мексико засега не откриваат детали.

Давид Крстевски