Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Серафимовски: Преземени се мерки за сузбивање на болеста овчи сипаници

Преземени се сите мерки и од Агенцијата за храна и ветеринарство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преземени се сите мерки и од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за сузбивање на овчите сипаници, рече министерот за  земјоделство, водостопанство и шумарство, Борче Серафимовски  на денешната седница на собранието. Тој одговараше на прашање на пратеникот од Левица, Борсилав Крмов кој го критикуваше министерството дека не се преземни соодветни мерки за сузивање на болеста и изрази загриженост за уништување на фондот.

Министерот за земјоделство на седницата во Собранието кажа дека во изминатите педесетина дена, откако ја презел функцијата, најголем дел од времето го поминал на терен, со цел да ги согледа проблемите со кои се соочува македонското земјоделство и да се изнајдат решенија за негово унапредување. Тој реагираше на изнесените податоци од пратеникот Крмов, истакнувајќи дека станува збор за „невистинити информации“. Во однос на појавата на сипаници кај овците, министерот рече дека станува збор за состојба што ја затекнал при преземањето на функцијата и дека не е точно оти институциите не презеле ништо. 

– Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство и останатите надлежни институции презеле повеќе активности за следење и контрола на состојбата, како и мерки за ограничување на ширењето на болеста. Ширењето на сипаниците, пред сè, настана поради непочитување на мерките дадени од Агенцијата за храна и ветеринарство, рече министерот. 

Реклама

Тој додаде дека  поради болеста се уништени се околу 10.000 овци. Посчо дека ветеринарните служби и понатаму се на терен и ја следат состојбата. Во одговорот, Серафимовски кажа дека кај веќе заразените животни вакцината не претставува решение.

Министерот потврди дека се очекуваат околу 500.000 вакцини, но нагласи дека нивната употреба е поврзана и со извозот на јагнешко месо.

– За да се третираат овие грла со вакцини, мора прво да добиеме одобрение од Европската комисија, бидејќи извозот на јагнешко месо е врзан со вакцинирањето, рече Серафимовски. 

Министерот рече дека  македонското јагне е меѓу поквалитетните во регионот.

Крмов не беше задоволен од одговорот и кажа дека во Грција сточарите се обештетуваат, а земјата си го задржува фондот на овци.