Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Серафимовски: Исплатени над 6,5 милијарди денари субвенции, следуваат засилени контроли за спречување злоупотреби

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска изјави дека годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска изјави дека годинава се реализирани околу 90 проценти од средствата предвидени за финансиска поддршка во земјоделството, при што досега се исплатени околу 6,5 милијарди денари субвенции.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Серафимовски истакна дека од преземањето на функцијата на 13 јули годинава се реализирани седум одделни исплати во вкупен износ од над 1,2 милијарди денари.

-Земјоделците од државата очекуваат навремена исплата, а не нови оправдувања. Затоа, откако ја презедов функцијата на 13 јули оваа година, реализиравме седум одделни исплати во вкупен износ од 1 милијарда 227 милиони денари – рече Серафимовски.

Реклама

Тој информираше дека се исплатени 85,7 милиони денари на 1.159 одгледувачи на кози, околу 372 милиони денари на 4.284 одгледувачи на говеда, како и околу 13 милиони денари за производители на тутун кои претходно биле ставени под контрола поради здравствени барања.

-На 23.874 полјоделци им се исплатени приближно 462 милиони денари, а на 10.754 производители на градинарски култури околу 217 милиони денари. Органското производство го поддржавме со две исплати во вредност од околу 77 милиони денари – нагласи министерот.

Според него, од вкупно 7,295 милијарди денари предвидени со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, досега се исплатени околу 6,512 милијарди денари.

-Тоа претставува фактичка готовинска реализација од околу 90 проценти. Зад овој процент стојат конкретни приходи на земјоделците, затворање на старите обврски и обезбедување средства за преостанатите мерки – истакна Серафимовски.

Министерот посочи дека Владата работи и на расчистување на заостанатите обврски од претходните години.

-Кога оваа Влада ја презеде одговорноста во 2024 година, во системот имаше неисплатени обврски уште од 2020 година. Старите долгови не ги користиме како оправдување, туку ги затвораме паралелно со тековните обврски – рече тој.

Серафимовски најави и засилени контроли на доделените субвенции, нагласувајќи дека досегашните проверки откриле нереални приноси, неправилности кај дел од земјоделските стопанства и злоупотреби во сточарството.

-Нема да дозволиме парите на вистинските земјоделци да завршуваат кај ловците на субвенции. Секој денар од буџетот ќе следи за реално производство, а секоја утврдена злоупотреба ќе повлекува одговорност – нагласи министерот.

Тој додаде дека теренските контроли, вкрстувањето на податоците и користењето сателитски снимки ќе овозможат поефикасна проверка на пријавените површини и производствени капацитети.

-Засилената контрола не е насочена против земјоделците, туку во нивна заштита. Секој исплатен денар за непостоечка површина, нереален принос или грло што фактички не постои значи помалку средства за оние што навистина произведуваат – рече министерот Серафимовски.