Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Семејствата на загинатите од Ласкарци по одлуката на Врховен: „Не бараме компромис во утврдувањето на одговорноста“

Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата кај Ласкарци со остро писмо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата кај Ласкарци со остро писмо реагираат на одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата на Апелација и предметот да го врати на повторно одлучување.

Тие велат дека ова значи ново одложување на правдата и дополнително ја нарушува довербата во правосудството. Од несреќата во 2019 година поминаа повеќе од седум години, а судскиот процес трае шест години со над 150 рочишта.

„Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи. Законот мора да важи еднакво за сите, а правдата мора да биде достапна за секој граѓанин“, се вели во реакцијата.

Реклама

Во трагедијата загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Семејствата бараат конечна одлука заснована на фактите и доказите и утврдување на одговорноста без понатамошно одолговлекување.