Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Селективна акција или почеток на расчистување со „дивите“ угостителски објекти? – Стружани бараат ред на плажите и по кејот на Дрим

На почетокот на месец април, Општина Струга помпезно најави расчистување на јавните површини долж Дрим од метални конструкции. Но, наместо најавеното ослободување на узурпираниот простор, угостителите, како и секоја сезона, го распослаа кејот со маси, столици и друг вид урбана опрема. И сето тоа помина несанкционирано – сè до вчера, кога на терен излегоа инспекциските […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На почетокот на месец април, Општина Струга помпезно најави расчистување на јавните површини долж Дрим од метални конструкции. Но, наместо најавеното ослободување на узурпираниот простор, угостителите, како и секоја сезона, го распослаа кејот со маси, столици и друг вид урбана опрема. И сето тоа помина несанкционирано – сè до вчера, кога на терен излегоа инспекциските служби, но наместо поширока акција, започна отстранување на инвентарот од само еден угостителски објект.

Струшкиот градоначалник се правда дека не станува збор за селективно постапување, туку за воспоставување нови правила, кои ги менува вторпат во два месеци. Угостителите сега се повикуваат да ги обележат површините што ќе можат да ги користат.

„Имаме ставено линии, тие линии веќе хотелиерите и рестораните ги почитуваат. Верувам дека ќе продолжиме така. Имаме и наши инспекторати и институции што веќе го пратат тоа. Верувам дека ќе оди подобро, покрај кејот може секој да се движи“, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Реклама

Социјалните мрежи вријат. Стружани не пијат нафта – истиот аршин да се применува на сите узурпирани површини, од чаршијата, преку кејот, па сè до плажите. Срамота е селективно да се применува правда. Истово да го имплементирате и на градските плажи, каде целиот простор е узурпиран од локални шерифи, па за поставен пешкир на непостоечки јавен простор може да се јаде и ќотек, коментираат револтираните граѓани.

Алармираат дека јавниот простор со години се претвора во приватен бизнис, а пешаците се принудени да се провлекуваат меѓу маси и столици на место кое треба да им припаѓа на сите.

„Не знам и јас каде да се пожалам. И јас повеќе пати сум поминал тука и мене не ми е пријатно, а сега ќе дојдат доста туристи одсекаде и што ќе речат?“
„Па, би требало да се отстранат на некој начин, да има простор барем да се поминува.“
„Обавезно, сакале нејќеле, ти е срам да поминеш. Некој познат ќе сретнеш и џабе. Не можеш ни да се поздравиш, ни муабет да си направиш.“
„Нема веќе ни каде да шетаме, ни се фати местото наше што ни припаѓаше.“
„Порано немаше маси и столици толку, ама пак од порано до сега сè е изменето, не можеме да се повикуваме на тоа како било порано“, велат стружани.

Ако се ослободува јавен простор – нека се ослободи целосно. Во спротивно, велат граѓаните, наместо борба против узурпацијата, јавноста ќе биде сведок на уште една селективна акција со однапред познат исход.