Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Секој збор против Филипче мора да се казни: „Вербалниот деликт“ пак се казнува во СДСМ?!

И покрај катастрофалниот пораз на последните локални избори, Марјан Даскаловски смета дека ја консолидирал СДСМ во Струмица, па решил да се повлече. За Алфа се правда дека на такво нешто не бил натеран од партискиот лидер Венко Филипче, туку вели дека баш по молба од него решил да биде претседател на општинската организација и петти […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај катастрофалниот пораз на последните локални избори, Марјан Даскаловски смета дека ја консолидирал СДСМ во Струмица, па решил да се повлече. За Алфа се правда дека на такво нешто не бил натеран од партискиот лидер Венко Филипче, туку вели дека баш по молба од него решил да биде претседател на општинската организација и петти мандат. Оставката на Даскаловски доаѓа само еден ден откако пред камерата на Алфа, во пресрет на 32-от конгрес на партијата, кажа дека рејтингот им бил мал.

-По завршувањето на четвртиот мандат не се кандидирав повторно бидејќи сметав и тогаш дека треба да дојдат помлади луѓе, па за претседател беше избран сегашниот пратеник Борче Цветков. За петтиот мандат ме замоли претседателот Венко Филипче, после големиот пораз на парламентарните избори, бидејќи никој не се јави на огласот за претседател на општинската организација Струмица, да се нафатам пак и да ја консолидирам општинската организација Струмица во која постоеше разочарување после парламентарните избори, вели Даскаловски за Алфа.

Ден пред поднесената оставка ништо не насетуваше на такво сценарио. Пред камерата на Алфа, Даскаловски кажа дека ќе се усвојува нова програма на партијата и дека се подготвувале за предвремени избори, но и кажа дека рејтингот им бил мал, нешто што изгледа не им се допаѓаше на раководството на партијата.

Реклама

-Се спремаме за предвремени парламентарни избори, денеска треба да ја усвоиме програмата, има многу интересни работи. (Дали со овој рејтинг СДСМ е спремен за избори?) Па, рејтингот ни е мал, но се надеваме дека граѓаните гледаат, изјави Даскаловски пред два дена.

По оставката на Даскаловски, поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на Фејсбук напиша дека СДСМ сега има шанса да се консолидира во овој град.

-Првиот, но важен чекор е направен!Ја поздравувам одлуката за избор на нов претседател на СДСМ Струмица.​Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира!, напиша Костадинов.

Даскаловски на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Струмица, но дожвиеа катастрофален пораз од речиси шест илјади гласа разлика, уште во првиот круг.

Матеја Петровски