Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Tоп

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Блиндирање, претекнување, па дури и вербална расправија – ова се ситуациите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блиндирање, претекнување, па дури и вербална расправија – ова се ситуациите кои ги поминавме возејќи согласно поставените знаци по левата лента на 30 километри пред граничниот премин Табановце.

Почитувајќи ги сообраќајните правила поставени на автопатот кој се користи најчесто како транзитна рута до Грција, повеќе странски автомобили но и македонски возеа повеќе над дозволеното. Забележавме и возила кои почнаа да намалуваат брзина откако видоа знак за поставен видео надзор на коридорот.

Безбедносниот систем втор ден како ги регистрира и странските возила. Сега во системот се внесени и старите казни кои ги направиле во периодот од кога почна да функционира „Сејф сити“. Тоа им се кажува на граница и најголем дел од возачите сакаат веднаш да платат.

Реклама

Но ниту еден не признава дека возел побрзо од пропишаното. На граница, нервозни, се жалат дека не ги известиле зошто се казнети, а тврдат дека не знаеле ниту за Безбедносниот систем иако пред секоја камера на автопатите има табла која известува за мерење на брзината.

  • Не знаев дека има систем. Нели може ова некако подобро да се изведе, имаме мали деца во автомобилот. Луѓето кажуваат дека чекале два часа. Не знам зошто сум казнен. Како да платам, не може ли поедноставно..
  • Треба да ги почитувате луѓето кои плаќаат патарина и кои поминуваат во вашата земја, ние не се задржуваме тука. И ова да не дочека на излезот, навистина нема смисла… велат пред камерата на Алфа.

Додека екипата на Алфа ТВ беше на граничниот премин Табановце, освен постојните две наплатни шалтери беше отворен уште еден за да се растерети гужвата.

  • Со паметни камери при приближување кон граничниот премин, имаме поставено повеќе паметни камери кои што ги читаат таблиците на возилата и врз основа на информацијата која што ја добиваме во рамки на контролните места, ги тргнуваат на страна и ги селектираат возачи кои сториле сообраќаен прекршок. Според информациите, до утрово до 8 часот биле платени 500 казни“ рече Тошковски.

На коридорот 10 од кога се зголеми фреквенцијата на странски возила полицијата „улови“ 10-тици со брзина двојна над дозволената.

Во текот на целата летна сезона на македонските автопати функционираат и т.н. пресретнувачи кои ги ловат странските автомобили кои возат над дозволената брзина.

Според Тошковски кога ќе се создадат услови истиот систем ќе се постави и на другите граници.

  • Ова ќе биде начелно како техничко решение имплементирано и на сите останати гранични премини кога ќе се создадат услови. Технички предизвици ќе има, не велам не, ќе се подобруваме во рамки на сето она што треба да се подобриме, но пак ќе повторам, еден спасен човечки живот во споредба со претходно нема цена“.

Безбедносниот систем од февруари почна да функционира во Скопје Тетово и Куманово, коридорите 8 и 10, а од минатиот месец и на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа во општина Дебарца. Последните технички проверки се прават за Охрид и регионот, како и за Велес.