Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Седница на ЗЕЛС: Локалните власти се мобилизираат за засилување на инвестицискиот циклус

Поефикасна локална администрација, подобри комунални услуги, поодржлив јавен превоз и поголема финансиска стабилност на општините. Ова се дел од приоритетите во новиот Стратегиски план на ЗЕЛС за наредните пет години. Според скопскиот градоначалник во изминатите две години Владата обезбедила значителна поддршка за општините во реализација на инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на патишта, канализации и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поефикасна локална администрација, подобри комунални услуги, поодржлив јавен превоз и поголема финансиска стабилност на општините. Ова се дел од приоритетите во новиот Стратегиски план на ЗЕЛС за наредните пет години.

Според скопскиот градоначалник во изминатите две години Владата обезбедила значителна поддршка за општините во реализација на инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на патишта, канализации и проекти од комуналната сфера, но, сепак за вистинско јакнење на локалната власт неопходна е поголема финансиска самостојност и попредвидливо буџетско планирање.

„Бараме најмалку 10 проценти од ДДВ и 50 проценти од персоналниот данок, по примерот на европските општини. Без предвидливо финансирање не може да има реална децентрализација – рече Ѓорѓиевски“, изјави Орце Ѓорѓиевски – претседател на ЗЕЛС

Реклама

Во фокусот на ЗЕЛС останува и продлабочувањето на децентрализацијата, особено во делот на социјалната заштита. Од Заедницата сметаат дека општините најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и треба да имаат поголема улога во обезбедувањето социјални услуги.

„Општините најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и затоа е логично тие да имаат поголема улога во овој сегмент. Во пресрет на летната сезона формиравме кризен штаб за подобра координација на опремата и човечките ресурси во итни ситуации – рече Ѓорѓиевски.истакна Ѓорѓиевски.

За локалната власт најголемиот предизвик и понатаму останува наплатата на даноците, кои се едни од најниските во регионот и Европа. Потоа тука е и превработеноста во општините, долговите на јавните претпријатија, но и недостигот на пожарникари кои што се потребни во борбата со огнените стихии.