Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Се уште се бара најсоодветно решение за ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Министерството за образование и наука се уште е во процес на барање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука се уште е во процес на барање најсоодветно решение за момчето од ОУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа ги негираше наводите за изјави од родители на деца од ова училиште дека до училиштето стигнало писмо од МОН во коешто се вели дека третооделенецот ќе биде испишан и запишан во друга општина.

„Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот е проблематичен, и системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и свои можности, иако ингеренциите на МОН во овој случај се најмали. Тука многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Но, ние детето нема да го напуштиме и се уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето“, рече министерката Јаневска на новинарско прашање.

Реклама

МОН во декември лани, формираше интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар. Комисијата требаше да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Третоодделенецот од чие однесување се жалеа родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, па одлуката беше повлечена, а ученикот требаше да се врати во матичното училиште „Лазо Ангеловски“.

Следеше повторно бојкот на наставта во ОУ во општина Аеродром. Проблемот времено беше надминат со донесување заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.