Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Се уште не се знае дали е бомба предметот кој доведе до евакуација на учениците во Уметничко

Дали е бомба или нешто друго предметот што е пронајден кај средното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали е бомба или нешто друго предметот што е пронајден кај средното уметничко училиште во Скопје? Од МВР се уште официјално не потврдуваат ништо, за Алфа велат се врши вештачење. Единствено што од полицијата соопштија е дека утринава било пријавено дека на паркингот кај клиниката Млин Балкан, бил пронајден предмет кој наликува на рачна бомба.

-Во 08,36ч, во ЕИК-Скопје е пријавено дека на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, на паркинг-просторот има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот, е единствено што досега соопштија од МВР.

Ваквата пријава донесе паника утринава во околината во скопски Капиштец, поради што евакуирани беа и учениците од училиштето. Пријавата во полиција дошла за време на големиот одмор, по што била наложена евакуација на дел од училиштето. Директорот на средното уметничко „Лазар Личеновски“, Димитар Филиповски вели до МВР детали не им кажале ниту на нив.

Реклама

-Во 08,36ч, во ЕИК-Скопје е пријавено дека на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, на паркинг-просторот има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот, изјави Филиповски.

Учениците кои половина час беа надвор од училишните клупи не беа расположени да зборуваат пред камерите.

Утринава некаде по 8 часот и 30 минути на паркингот до средното уметничко училиште било пријавено дека е пронајдено нешто што наликува на рачна бомба. Поради тоа евакуирани биле учениците, кои подоцна пак биле вратени на часовите.

Матеја Петровски