Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Се уредува индустриската зона во село Таринци

Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона во село Таринци, во општина Карбинци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона во село Таринци, во општина Карбинци, најави на денешната прес-конференција градоначалникот Виктор Паунов. На површина од околу 8.000 квадратни метри се предвидени пет градежни парцели. Паунов вели дека четири парцели се наменети за лесна индустрија, а една за мали комерцијални објекти. Парцелите во следниот период ќе бидат понудени на продажба.

-Интерес има од потенцијални купувачи, има интерес и од општина Карбинци да се продадат заради дополнителен развој на Општината во делот на незагадувачката и лесна индустрија- посочи Паунов.

Тој на денешната прес-конференција најави и уредување на нова станбена населба во село Таринци. На околу 10 хектари се предвидени околу 150 плацеви за домување. 

Реклама

-За многу скоро од сега ќе започнеме и со уредување и претпордажба на зоната за домување, тоа е поголемиот урбанистички план, кој што Карбинци го работи во изминатиот период. Се работи за околу 10 хектари површина, плацеви за домување некаде околу 150 плацеви за домување ќе бидат на располагање на жителите од Карбинци и пошироко. Тоа е во непосредина близина помеѓу селата Таринци и Карбинци во атерот на селото Таринци. Ова е и проектот кој што беше најавен, населбата наречена Вршник, по самото старо име на селото Таринци- рече Паунов.

Посочи дека  станува збор за типска населба, која што ќе биде многу интересна за купувачите, затоа што Општината беспалтно ќе додели проект за градба. Очекувањата на Паунов се дека по првите месеци од следната година ќе има можност за продажба на овие парцели.